март 26, 2025

26 МАРТ-СВЕТСКИ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ЕПИЛЕПИЈА

🙋‍♀️Уште наречен и виолетов ден, бидејки заштитен знак на ова невролошко нарушување е виолетовата боја и панделка

👉Со цел подигнување на свеста за епилепсијата и начините за спречување на стигматизацијата на луѓето кои живеат со оваа болест од страна на д-р Билјана Георгиевска, претседател на Општинската организација на Црвен крст за прв пат се одржаа едукативни предавања во двете основни училишта во Делчево за учениците од 5 — 9 одделение со цел подигање на свеста за важноста и начинот на реагирање при напад на епилепсија.

🙂На предавањето беше објаснето подетално за нарушувањето од каде потекнува, на кој начин се препознава, кога може да се појави епилептичен напад и како да се даде прва помош при тоа.

👉Епилепсијата зема голем замав во целиот свет, повеќе од 60 милиони луѓе боледуваат од оваа болест,а над 15 милиони од нив се деца со наразлична возраст.

👀Покрај ученици на предавањата присуствуваа и дел од наставниците. Особено сме задоволни што имаше голем интерес од страна на слушателите. Навремената превенција и поголемата едукација и знаење спасуваат животи.

< врати се назад