август 14, 2025

ВОЛОНТЕРИТЕ ОД ДЕЛЧЕВО И МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА НА ТЕРЕН

Во текот на вчерашниот ден(13.08.2025 година), волонтерите од Делчево и Македонска Каменица при клубот на млади ООЦК Делчево спроведоа теренска активност за делење на шишенца вода и едукативни флаери со совети за справување со топлотниот бран на територија на двете општини, со цел подигање на свеста за заштита од топлотен бран.

Целна група на оваа активност беа повозрасните и хронично болните лица, волонтерите делејќи вода споделуваа основни информации за тоа како граѓаните да се справат со топлото време деновиве.

Овие активности се дел од континуираните напори на Црвениот крст за грижа за здравјето и безбедноста на граѓаните во летниот период, кога ризиците од дехидратација и пожари се значително зголемени.

< врати се назад