март 7, 2025

Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево на ден 06.03.2025 год.(четврток) се реализираше редовна крводарителска акција предвидена за месец март.

🩸На крводарителска акција беа собрани 99 крвни единици.

Воедно, на ден 07.03.2025год. (петок) беше спроведена и крводарителска акција во Дом на културата во Македонска Каменица.

🩸На таа крводарителска акција беа собрани 39 крвни единици.

💭Благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и придонесоа за спасување на нечиј живот!

< врати се назад