
10 ОКТОМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ
По повод 10 Октомври – Светскиот ден на менталното здравје, Општинската организација на Црвен крст Делчево спроведе низа активности насочени кон подигање на свеста за важноста на психо-социјалната поддршка и грижата за менталното здравје.

Одбележувањето опфати:
-Работилница за млади, на тема „Силата на заедништвото и улогата на психо-социјалната поддршка во кризи“
-Работилница за возрасни лица, во која учестуваа дел од негувателите и личните асистенти при ООЦК Делчево, посветена на важноста на психо-социјалната поддршка во градење доверба и заедничка отпорност
-Работилница со учениците од средното училиште во Македонска Каменица, каде преку интерактивни активности се зборуваше за емоционалната стабилност и справувањето со секојдневните предизвици
Со овие активности учесниците ја испратија пораката:

„Грижата за менталното здравје е грижа за сите нас! Важно е да сфатиме дека менталното здравје е исто толку важно како и физичкото!“













































